
Речиси шест месеци не сме играле со Македонија. Тие ни се големи должници, ќе ја имаат поддршката од трибините, а нивниот нов селектор Раул Гонзалез го издигна тимот на едно повисоко ниво. Македонија сега игра многу поразлично и подисциплинрано, а нивната игра е разновидна“, изјави селекторот на Чешка, Јан Филип, пред вечерашниот меч во Вараждин.

