5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема промени за дуелот со Чешка

Нема промени за дуелот со Чешка

Македонскиот селектор Раул Гонзалес нема да менува ништо во составот за вечерашниот натпревар со Чешка во групата 2 на Европското првенство.

Капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров, ќе биде во тимот, иако поради повреда на „задната ложа“ на десната нога одигра само 11 минути пред два дена против Шпанија. Точни информации околу степенот на повредата на капитенот нема.

Неофицијално, мали се шансите Лазаров да истрча на теренот против Чешка.

Од друга страна, Чесите против Македонија во составот ќе имаат тројца пикери, откако стручниот штаб реши на стандардните Земан и Петровски да им го приклучи и Петр Шлахта.

Натпреварот кој се игра во Вараждин (20:30 часот) е од исклучителна важност за Македонија, која со победа ќе ги задржи шансите за пласман во полуфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП