3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар ќе дојде во Реал, но доколку го нема триото „ББЦ“!?

Нејмар ќе дојде во Реал, но доколку го нема триото „ББЦ“!?

Шпекулациите околу евентуален трансфер на Нејмар од ПСЖ во Реал Мадрид продолжуваат. Бразилецот, наводно е расположен да се пресели во најголемиот ривал на Барселона, но има одредени барања за да го направи тоа.

Нејмар дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери на планетата и веројатно иден освојувач на „Златната топка“. Летово го направи најскапиот трансфер во историјата откако за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ.

На повидок можеби е нов рекорд, бидејќи претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажува од намерата да го доведе Нејмар на „Бернабеу“. Бразилецот исто така нема проблем да го облече белиот дрес, а шпекулациите велат дека има одредени услови за да го направи тоа.

Тој сака тимот да направи целосна реконструкција и да си заминат Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Карим Бензема. Парите не се проблем, бидејќи „кралевите“ можат да му дадат колку ќе посака, како што тоа е случај во ПСЖ. Нејмар наводно му рекол на Перез да ги доведе Еден Азар и Антоан Гризман да му бидат партнери во нападот на Реал Мадрид.

Доколку ова се оствари Реал Мадрид би минал низ фаза на тотална трансформација во составот, а се поставува и прашањето кој ќе го води тимот од клупата, бидејќи Зинедин Зидан тешко ќе ја преживее оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП