21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенците ја совладаа Црна Гора, Данска подобра од Шпанија

Словенците ја совладаа Црна Гора, Данска подобра од Шпанија

Репрезентацијата на Словенија вечерва со 28:19 ја совлада селекцијата на Црна Гора на финишот од првата фаза од Европското ракометно првенство кое што се игра во Хрватска. Откако размислуваа дали да го продолжат настапот на првенството, Словенците вечерва беа доминантни против црногорците.

На полувремето заминаа со предност од 1 разлика (14:13), а во вториот дел беа подобри и стигнаа до конечните 28:19. Со оваа победа Словенија избори пласман во следната фаза од првенството, заедно со Македонија и Германија од групата Ц.

Во вториот вечерашен натпревар, Данска беше поуспешна од Шпанија со 25:22. Со оваа победа Данска го осигура пласманот и пренесува бодови во втората фаза од првенството. Од групата Д, во втората рунда во Вараждин патуваат Шпанија, Чешка и Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП