9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи интервенира во битката за Алексис Санчез?

Челзи интервенира во битката за Алексис Санчез?

Aктуелниот шампион на Англија, Челзи ќе се обиде да ја привлече во својот состав чилеанската ѕвезда на Арсенал Алексис Санчез до крајот на јануарскиот преоден рок, тврди „Sky Sports“.

Италијанскиот менаџер на „сините“ од западен Лондон, Антонио Конте има високо мислење за Санчез и дури неодамна откри дека се обидел да го доведе во Јувентус во времето кога беше тренер на „Старата Дама“. Челзи се уште не направи официјална понуда за Арсенал за Чилеанецот, но се очекува да го стори тоа.

Интерес кон 29-годишниот напаѓач има и од страна на Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ планираат да го купат играчот уште сега, а не да почекаат истекот на неговиот договор со „топџиите“ по крајот на сезоната. Според „Sky Sports“, Јунајтед е подготвен да му понуди неделна плата од над 350.000 фунти на Алексис.

Во исто време, по се изгледа дека еден од главните кандидати за купување на Санчез – лидерот во Премиер лигата Манчестер Сити, одлучил да се повлече од битката за потписот на напаѓачот овој месец. Според „Sky Sports“, „граѓаните“ конечно стигнале до заклучок дека цената на Чилиеанецот е премногу висока за фудбалер кој може да биде привлечен со слободен трансфер во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП