20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWindows 10 наскоро воведува карактеристики кои долго ги чекаме

Windows 10 наскоро воведува карактеристики кои долго ги чекаме

Колку пати ви се случува да го оставите компутерот вклучен, а во доцните часови да започнат да пристигнуваат потсетници од пријатели и колеги? Новата надоградба за „Windows 10“ планира да стави крај на тоа.

Најновиот додаток за „Windows“ кој пристигна во склоп на неодамнешната „рана објава“ на надоградба „Insider Preview Build 17074“ и е создаден за корисниците кои пред се сакаат малку мир и тишина.

„Quiet Hours“ им овозможува на корисниците во одреден период да ги исклучат сите потсетници, освен оние кои пристигнуваат од луѓето кои се наоѓаат приоритетната листа. „Quiet Hours“ исто така помага при играње на цел екран во конфигурација со два или повеќе монитори.

Додатоците кои ги носи оваа надоградба не се фокусираат на исклучување на потсетниците. Се прават подобрувања за читање на дигитални книги во „EPUB“ формат, како и за синхронизација за читање на повеќе уреди.

Тоа што многумина ќе воодушеви, конечно, е опцијата за исклучување за чување на лозинките за домејни. Ова исто така вклучува автоматско чување на лозинските и подоготвуање на екстензија во „InPrivate“ режимот на работа.

Целата листа на подобрувања можете да ја погледнете на официјалниот блог за „Windows 10“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП