27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул Гонзалес: Пресреќен сум поради двете победи на ракометарите

Раул Гонзалес: Пресреќен сум поради двете победи на ракометарите

Македонскиот селектор Раул Гонзалез е презадоволен од успех на нашата репрезентација на Европското првенство во Загреб, каде што вечерва тие ја остварија и втората победа против екипата на Црна Гора.

„Најпрво сакам да им честитам на моите играчи кои одиграа многу многу добро, натпреварот беше неверојатен. Многу сум среќен и задоволен бидејќи по два одиграни меча имаме две победи и четири бода, што е супер. Добро го започнавме натпреварот, но набрзо влеговме во проблеми коишто Црна Гора добро ги искористи. Но, затоа одигравме многу подобро во второто полувреме и резултатот стигна. Имавме и подобра одбрана и подобар напад. Сите беа супер, имавме трпение во играта и јас сум пресреќен“, изјави тој по натпреварот во Хрватска.

По победата на Македонија над Црна Гора, втора за нас на ЕП во Хрватска, ракометарите за своите фанови направија победничкото селфи во соблекувалната. За традиционалното славеничко селфи се погрижи најдобриот играч на мечот, Филип Кузмановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП