18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМоура потврди дека си заминува од ПСЖ

Моура потврди дека си заминува од ПСЖ

Крилото на ПСЖ – Лукас Моура ќе го напушти клубот, призна самиот тој по крајот на средбата со Нант.

Бразилецот е меѓу споменуваните за трансфер далеку од „Парк де Пренс“ со месеци, но шпекулациите за неговата иднина се засилија во последните недели. Тој отиде во Париз од Сао Паоло во 2013-та година за повеќе од 40 милиони евра, но тешко е да најде место во тимот.

Лукас има 45 гола во 228 настапи за ПСЖ. „Светците“ го земаа крилото во последен момент, откако тој беше поврзуван за сигурно ново засилување на Манчестер Јунајтед, откако Бразилецот му се допадна на Сер Алекс Фергусон.

„Црвените ѓаволи“ ја следат ситуацијата во моментов и повторно се сметаат за главен кандидат кој го сака потписот на играчот.

„За жал, тоа очигледно е крајот на мојот престој во ПСЖ. Тешко дека ќе останам“, рече Лукас кој ја следеше победата на ПСЖ над Нант со 1:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП