3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ нудат 40 милиони фунти за Суарез

„Кралевите“ нудат 40 милиони фунти за Суарез

lusis

Реал Мадрид подготвил понуда од 40 милиони фунти за напаѓачот на Ливерпул Луис Суарез. Овој предлог е упатено до менаџерот на играчот Пере Гвардиола, кој е брат на новиот тренер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола.

Главната причина на „кралевите“ да се насочат кон Суарез е тоа што тој чини поевтино од ѕвездата на Наполи Едисон Кавани чија ослободувачка клаузула во договорот е 52 милиони фунти.

„Не мислиме да го продаваме Суарез. Луис е еден од најдобрите играчи во светот, но не е за продажба. Нема да разгледуваме понуди ниту од Реал Мадрид, ниту од друг клуб “, коментираа од раководството на Ливерпул.

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс неколкупати најави дека сака да го задржи и дека тој ќе биде главната карика врз која ќе се базира играта на „црвените“ во следната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП