Моделот кој изворно беше наменет за американскиот пазар и кој од 2016-та се продава и во Европа, доби нов изглед, но и спортска „ST“ верзија.
Актуелниот „Ford Edge“ на пазарот е од 2014-та, што во автомобилската индустрија значи дека дојде време за „затегнување на брчките“.
Дека автомобилот стилски е модернизиран, најдобро може да се види предниот дел каде има промена на маската на ладнилникот, фаровите и браникот.
Промените се во помал обем и во задниот дел, но и тука дизајнерите на „Ford“ интервенираа на стоп-светлата и вратата на багажникот.
Редизајнот секако ќе допринесе „Edge“ да биде попривлечен за потенцијалните купувачи и да му помогнат на автомобилот да се избори со конкуренцијата до пристигнување на новата генерација.
Засега е познато дека моделот за американскиот пазар ќе користи четирицилиндарски 2.0-литарски турбо бензински агрегат, но тој е засилен за 4 kW и сега развива 186 kW (253 ks).
Моторот е поврзан со осумбрзински автоматски менувач, а наместо класичниот мануелен менувач, употребена е точка која се наоѓа на централната конзола покрај командата електронската паркинг сопирачка.
Кога станува збор за системите за асистенција, за безбедност на патот – покрај останатото – се наоѓа системот за предупредување на можен фронтален судир со опција за автоматско сопирање, предупредување на друго возило во мртвиот агол на возачот, систем за одржување на возилото во лентата која се движи и автоматското подесување на долгите светла.
За купувачите кои посакуваат нешто повеќе, „Ford“ подготви нова „ST“ верзија, која е опремена со 2,7-литарски „V6“ би-турбо мотор со 340 ks (250 kW) и 515 Nm.
И во овој модел моќта на тркалата се пренесува преку осумстепен автоматски менувач, а погонот на сите 4 тркала е стандарден.
„Edge ST“ се разликува од регуларниот модел и по дизајнот – различна маска на ладилникот која потсетува на „Focus ST“.
Различни се и браниците – тие на „ST“ верзијата имаат спортски изглед како и издувни цевки кои на моделот „Edge ST“ се трапезоидни во однос на стандардниот модел чиј пресек е кружен.
„Ford Edge“ и „Edge ST“ зa 2018-та ќе имаат светска премиера на авто-саемот во Детроит, кој ќе се одржи во втората половина од јануари.