18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса официјално го објави второто засилување за оваа зима (видео)

Барса официјално го објави второто засилување за оваа зима (видео)

Барселона официјално го објави трансферот на централниот дефанзивец Јери Мина, кој доаѓа од Палмеирас. Договорот е во вредност од 11,8 милиони евра, а 23-годишниот Колумбиец ќе потпише договор за 5,5 години. Клаузулата за откупување на неговиот договор ќе изнесува 100 милиони евра.

Јери Фернандо Мина Гонзалез, како што полното име на играчот, е висок 195 сантиметри и беше трансфер цел за Ернесто Валверде во текот на летото, но тогаш немаше договор. Тој ја започна својата кариера во Депортиво Пасто, но одигра само како адолесцент и аматер, по што во 2014-та година се преселил во Санта Фе. Во моментов има 9 натпревари и постигна три гола во националниот дрес на Колумбија.

Подоцна од „Камп Ноу“ ќе објават кога ќе биде претставувањето на второто ново засилување на каталонците за оваа зима по Филипе Коутињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП