19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го обнови првиот модел со погон на предните тркала (фото+видео)

BMW го обнови првиот модел со погон на предните тркала (фото+видео)

„BMW“ на почетокот на годината ги редизајнираше своите два „MPV“ модели.

Надворешноста е дискретно редизајнирана, па така со внимателна споредба на старата и новата верзија може да се забележат разликите на маската на ладилникот, светлата (нови „LED“ светла и „LED“ светла за магла) и браникот (различни отвори за воздух).

Купувачите од сега ќе можат да изберат една од 13-те бои на надворешноста, вклучувајќи ги и двете нови нијанси – „Jucaro Beige“ и „Sunset Orange“.

Проширена е и понудата на алуминиумски бандажи, со 6 нови дизајнерски решенија, а на располагање се димензии од 16 дo 19 инчи.

Изгледот во кабината е подобрен со нови дезени на навлаките и нови материјали (достапни во различни комбинации), а возењето ќе биде поудобно благодарејќи на продолжениот дел за седење на седиштата.

„BMW Serieѕ 2 Active Tourer“ и „Gran Tourer“ зa 2018-та се опремени со „BMW ConnectedDrive“ системот и најновата генерација на „iDrive“ мултимедијалниот систем за навигација, гласовни команди и подобрен интерфејс.

Баварскиот производител се потруди во редизајнираните модели возачот да биде повеќе во центарот на внимание, ката што централната конзола ќе биде ориентирана кон него.

За прв пат во моделите „Serieѕ 2 Active Tourer“ и „Gran Tourer“ е достапен и автоматски седумбрзински менувач со двојно квачило, а седум степениот пренос овозможува економично возење на долги патувања на автопатите. Покрај овој менувач, и натаму на располагање е шестбрзински мануелен и осумстепен автоматик.

Моторизацијата се состои од бензинци и дизели чија моќност е во распон од 109 ks дo 231 ks, a „BMW“ тврди дека ја подобриле економичноста во возењето и ја намалиле просечната емисија на штетни гасови кај овие аграгати, па таа е возависност од погонските единици во износ помеѓу 112 и 147 g/km.

Во понудата и натаму е „plug-in“ хибридна верзија на моделот „Active Tourer“, со ознака „225XE iPerformance“.

Овој автомобил има погонски систем кој се состои од бензинец и електромотор. Вкупната комбинирана моќ изнесува 224 ks, a максималниот вртежен момент е 385 Nm.

Oд 0 дo 100 km/h „BMW 225XE“ забрзува за 6,7 секунди, a зголемена е и автономијата за возење само на електрична енергија, од 41 на 45 km.

Меѓу бројните електронски систем за асистенции се издвојува „Traffic Jam Assistant“ кој го оддржува автомобилот во рамките на возната лента по која се движи при брзина до 60 km/h.

На располагање е и активен темпомат, а двата системи се дел од изборниот пакет „Driving Assistant Plus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП