20 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако дава 25 милиони за Ивановиќ

Монако дава 25 милиони за Ивановиќ

branislav-ivanovic-naik-gawang

Херојот на Челзи од финалето на Лига Европа, Бранислав Ивановиќ е предмет на интерес од страна на Монако. Според англиските медиуми „новајлијата“ во француската Лига 1 се насочиле кон доведувањето на српскиот репрезентативец, откако не успеаа да го земат Винсент Компани од Манчестер Сити.

29-годишниот Ивановиќ му бил препорачан на сопственикот на „кнезовите“ Дмитриј Риболовлев од страна на тренерот на тимот Клаудио Раниери. Монако е подготвен да понуди 25 милиони фунти за Србинот, но последниот збор за трансферот ќе го има новиот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо.

Се смета дека тимот од кнежеството веќе ќе се засили со Радамел Фалкао, кој денес треба да ги помине медицинските тестови, а исто така и со Жоао Моутиньо и Џејмс Родригез од Порто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП