20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар и Меси најскапи во светот, Роналдо - само 49-ти

Нејмар и Меси најскапи во светот, Роналдо – само 49-ти

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој неодамна изјави желба неговата плата да биде приспособена и да заработува најдобро од сите фудбалери, се рангиран дури на 49-та позиција меѓу најскапите играчи во светот.

Роналдо е оценет на 80.4 милиони евра, покажуваат податоците на фудбалската опсерваторија „CIES“.

На чело во рангирањето се Бразилецот Нејмар и аргентинската ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, кои се отценети на 213 и 202 милиони евра.

Третата позиција ја зазеде напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн (194.7 милиони евра), а зад него се Килијан Мбапе (ПСЖ) и Паоло Дибала (Јувентус), отценети на 192 и 174 милиони евра.

Дели Али (Тотенхем), Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Ромелу Лукаку (Манчестер Јунајтед), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) и Пол Погба (Манчестер Јунајтед) го дополнуваат првите десет во ова рангирање.

Вкупно 26 играчи во светот се проценуваат на над 100 милиони евра.

На последното 100-то место во ранг е Андреас Кристенсен (Челзи), чија трансферна вредност во моментов изнесува 50,2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП