9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ ќе се обидат да го земат Алексис до крајот на неделата

„Граѓаните“ ќе се обидат да го земат Алексис до крајот на неделата

Манчестер Сити ќе упати понуда за напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез, тврдат медиумите на Островот. Според некои извори од „Етихад“ дури веќе стапиле во контакт со своите колеги, иако менаџерот на лондончани, Арсен Венгер ги негираше овие информации за време на денешната прес-конференција.

„Граѓаните“ се одлучиле да понудат околу 25 милиони фунти за Чилиеанецот, чиј договор со Арсенал истекува во текот на летото. Пеп Гвардиола сепак посакува трансферот да се случи уште сега, по можност до крајот на неделава. Самиот Санчез е подготвен да се откаже од слична сума – околу 25 милиони, кои требаше да ги добие во текот на летото, ако премине на „Етихад“ како слободен агент.

Според медиумите на Островот, Арсенал ќе сака околу 30 милиони за Алексис, кој очигледно веќе не е особено мотивиран за игра за „топџиите“, а освен тоа се појавија информации за влошени односи меѓу него и дел од неговите соиграчи.

Минатото лето Арсенал одби 60 милиони од Сити за Санчез, но сега е многу веројатно Чилеанецот да биде продаден за половина, за да не останат „топџиите“ со празни раце на крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП