15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing најверојатно ќе го засени Airbus според испорачаните авиони во 2017-та

Boeing најверојатно ќе го засени Airbus според испорачаните авиони во 2017-та

Американскиот производител на авиони „Boeing“ објави дека доставил 763 авиони во 2017-та година, со што најверојатно ќе ја задржи титулата на најголем светски производител на авиони пред европскиот конкурент „Airbus“, пренесе „Ројтерс“.

„Boeing“ минатата година доби 912 нови нарачки во вредност од 134,8 милијарди долари во споредба со 668-те нарачки за 94 милијарди долари во 2016-та година.

„Airbus“ минатиот месец беше на пат да постигне над 1.000 нови нарачки, без известување на укинатите, наспроти 1.053 нарачки бруто објавени од „Boeing“.

Двете компании ќе ги објават своите резултати за 2017-та година во наредните недели.

Според извори од секторот „Airbus“, кој ќе ги објави податоците за нарачките и испораките на 15-ти јануари, изгледа ќе ја постигне својата цел за 700 доставени машини во 2017-та година и покрај проблемите со некои мотори.

Сепак, тоа е малку веројатно дека европскиот концерн ќе го достигне производството на „Boeing“, откако во октомври ги намали прогнозите за готовите авиони во 2017-та година поради доцнење при испораките на мотори, пренесоа агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП