27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал поразен од Гаске

Надал поразен од Гаске

Шпанецот Рафаел Надал загуби од Ришар Гаске 6:4, 7:5 во првиот дуел на егзибицискиот турнир во Кујонг.

За светскиот број 1 ова беше прв меч уште од 13 ноември минатат година кога поради повреда на коленото се повлече од завршниот Мастерс во сезоната.

Надал неодамна иако беше пријавен го откажа настапот на турнирите во бу Даби и Бизбјен, а во последен момент организаторите на турнирот во Кујонг ја прифатија неговата пријава.

Овој турнир ќе биде единствената проверка за Шпанецот пред Австралија опен кој започнува на 15 јануари. Надал минатата година во Мелбурн стигна до финалето каде беше поразен од Роџер Федерер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП