28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлексис Санчез наскоро во Манчестер Сити

Алексис Санчез наскоро во Манчестер Сити

Напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез, се наоѓа на чекор до трансфер во Манчестер Сити, објавија англиските медиуми.

Договорот на Чилеанецот истекува по завршувањето на сезоната поради што Сити ќе се обиде да го донесе за сума од „само“ 35 милиони фунти.

Прегпворите на двата клуба започнале во петокот, а доколку постигнат договор, Санчез веднаш ќе се пресели во екипата на Манчестер Сити.

Санчез не беше во составот на Арсенал, кој во неделата со поразот 4:2 од Нотингем Форест испадна од ФА купот.

Чилеанецот до колку трансферот биде реализиран ќе има право на настап и во Лигата на шампионите, бидејќи во првиот дел од сезоната со Арсенал играше во Лига Европа.

Санчез има 29 голови, во Европа играл за Удинезе и Барселона, а за Арсенал играл на 122 натпревари и постигнал 60 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП