4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали Барселона ја подигна понудата за Кутињо?

Дали Барселона ја подигна понудата за Кутињо?

Додека медиумите на Островот се уште не се согласуваат за тоа дали до моментов Барселона упатилa официјална понуда за ѕвездата на Ливерпул, Филипе Коутиньо, „Тајмс“ излезе со информација дека не само што има таков предлог, туку и е со подобрени димензии.

Според почитуваниот новинар Пол Џојс, кој се води близок до клубот од „Енфилд“, каталонците понудиле 142 милиони фунти за Бразилецот. 106 од нив ќе бидат платени како основен износ, а 36 ќе бидат во вид на бонуси. Овој пат, сепак предвидените бонуси се сосема реални и се поврзани со бројот натпревари и трофеи кои Бразилецот ќе освои, и немаат ништо заедничко со претходните бонуси, утврдени во одбиените понуди во текот на летото.

Потоа, од Камп Ноу се вклучени клаузули од типот на освојување на „Златната топка“ од Кутињо.

Истиот извор тврди дека двата клуба веќе се во контакт едни со други и преговараат преку агентот на играчот.

„Мирор“ укажува на сличен износ од 140 милиони фунти, а дека Ливерпул и Барселона се во конфликт околу структурата на плаќањето. Раководството на „црвените“ сака основниот износ на трансферот да биде поголем – околу 120 милиони евра. Останатите 20 милиони ќе бидат во вид на бонуси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП