4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена Вилијамс нема да ја брани титулата на АO

Серена Вилијамс нема да ја брани титулата на АO

„Australian Open“ загуби уште една ѕвезда, откако денеска стана јасно дека шампионката Серена Вилијамс нема да ја брани титулата во Мелбурн. Долгогодишната №1 во светот го одигра првиот натпревар по породувањето на турнириот во Абу Даби на крајот на декември, но загуби oд Остапенко со 2:6, 6:3, 5-10.

„Откако се натпреварував во Абу Даби сфатив дека иако сум многу блиску, се уште не сум на нивото на кое јас лично сакам да бидам. Мој тренер и мојот тим секогаш ми велат: Учествувај на турнири само ако си подготвена, да одиме по целиот пат. Можам да се натпреварувам, но не сакам едноставно да се натпреварувам, сакам да правам нешто повеќе од тоа и, за да се случи тоа, ќе ми треба малку повеќе време. Имајќи го ова на ум, решив да не учествувам на „Australian Open“ оваа година, колку и да е разочарувачки“, изјави Серена.

Вилијамс беше бремена, кога ја освои титулата во Мелбурн минатата година, нејзиниот 23-ти трофеј од Гренд слем. Во септември таа ја роди ќерката Алексис Олимпија.

36-годишната Американка има потреба од уште само една титула од Гренд слем, за да го израмни рекордот на Маргарет Кортни, која освои 13 од своите 24 титули од Гренд слем пред да „Започне ерата“ во 1968-ма година.

Повлекувањето на Серена Вилијамс доаѓа помалку од 24 часа по откажувањето од учеството на поранешниот №1 кај мажите Енди Мареј и на поранешниот №4 во светот Кеј Нишикори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП