28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоберт Просинечки нов тренер на фудбалскиот национален тим на Босна и Херцеговина

Роберт Просинечки нов тренер на фудбалскиот национален тим на Босна и Херцеговина

Роберт Просинечки е новиот тренер на фудбалскиот национален тим на Босна и Херцеговина, објави порталот Reprezentacija.ba.

Одлуката беше донесена по седницата на Извршниот одбор на Фудбалската асоцијација на Босна и Херцеговина, која се одржа во хотелот “Терме” во Илиџе, извести Sportclub.

Во тесниот избор за селектори беа Амар Осим и Роберт Просинечки.

Новиот селектор веќе на крајот на месецов го очекува првиот тест, бидејќи националниот тим на БиХ и гостува на селекцијата на САД во Лос Анџелес на 28 јануари, а три дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар со Мексико во Сан Антонио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП