24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТео Волкот си заминува од Арсенал

Тео Волкот си заминува од Арсенал

Според Англискиот „Скај Спортс“  Тео Волкот ќе си замине од Арсенал во зимскиот преоден рок.

Заинтересиран за него е неговиот поранешен клуб Саутемптон кои сакаат да го вратат во своите редови.

Претходно, легендата на Арсенал, Иан Рајт, изјави дека Арсенал што побрзо треба да се раздели со Тео Волкот. Според него, заминувањето на офанзивецот е најдобро за двете страни.

Тој сезонава одигра само четири натпревари во Премиерлигата и на сите четири влезе во игра од клупата, а вкупно сезонава беше дел од 13 натпревари во сите конкуренции. Волкот е во Арсенал од 2006 година, а неговиот актуелен договор истекува во јуни 2019 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП