3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекам заработува 40.000 фунти дневно од неговата бизнис империја

Бекам заработува 40.000 фунти дневно од неговата бизнис империја

Поранешната суперѕвезда на Манчестер Јунајтед и на Англија, Дејвид Бекам заработува речиси 40.000 фунти дневно во последните две години од својата бизнис империја.

Компанијата на поранешниот фудбалер „DB Ventures“ му заработи дивиденда од 18,75 милиони фунти во 2017-та година. За претходната бројка таа бројка изнесуваше 10,2 милиони фунти, што ја прави вкупната сума од 29 милиони фунти. Приходите на „DB Ventures“ доаѓаат од лиценцирање и други форми на комерцијализација на брендот „Дејвид Бекам“.

Бекам, 42 години, може да се пофали со профитабилни договори со голем број светски брендови, заработувајќи колку што и сегашните најдобри играчи на Премиерлигата.

Во 2014-та година, популарниот британски фудбалер го издаде својот сопствен бренд на шкотско виски. Тој беше пуштен на пазарот под името „Haig Club“ и е проект на Бекам и неговиот деловен партнер – музичкиот продуцент Симон Фулер, креаторот на форматот „American Idol“.

Освен тоа, поранешниот капитен на „Трите лава“ разви две колекции за „H&M“ – „David Beckham Bodywear“ и „Modern Essentials Selected by David Beckham“.

Исто така, Дејвид Бекам е заштитно лице на „Аdidas“. Во октомври, германскиот спортски бренд го најави лансирањето на новата линија на дизајнерски обувки по дизајн на поранешниот фудбалер. Колекцијата е во чест на повеќе од две децении на партнерство меѓу Бекам и „Аdidas“. Како што е познато, Бекам речиси целата своја кариера го носеше моделот на „Аdidas“ – „Predator Accelerator“.

Водечките бои во „David Beckam Capsule Collectiom“ се црвената, белата и црната – омилените на Бекам.

Личното богатство на Дејвид Бекам е проценето на 165 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП