28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПресметка на фудбалските гиганти во САД

Пресметка на фудбалските гиганти во САД

internationalchampionscup_screengrab

Во текот на летото ќе биде навистина „жешко“ во САД. Тоа беше потврдено со објавувањето на постерот на најдобриот предсезонски турнир „International Champions Cup“. Според планот натпреварите би требало да се играат во Лос Анџелес, Њу Јорк, Сан Франциско, Феникс и Индијанаполис.

Сепак импресивна е листата на учесниците на овој турнир кој ќе се одигра кон крајот на јули и почетокот на август, поточно од 27-ми јули до 7-ми август. Во неделата Челзи и Евертон го потврдија своето учество, а од претходно се знаеше дека дел од овој турнир ќе бидат Реал Мадрид, Милан, Интер, Јувентус, Валенсија и Лос Анџелес Галакси.

Комплетниот распоред на натпреварувањето ќе биде соопштен на 29-ти мај, а финалето ќе се одигра на 7-ми август во Мајами.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП