17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPetrobras ќе плати околу 3 милијарди долари отштета за корупција

Petrobras ќе плати околу 3 милијарди долари отштета за корупција

Бразилската државна нафтена компанија „Petroleo Brasileiro SA“ (Petrobras) се согласила да плати 2,95 милијарди долари, за да реализира групното барање на инвеститори од САД за надомест на загуби кои според нив се резултат на корупција.

Иако се согласува да се подели износот, компанијата не ја признава вината според договорот на едно од најголемите колективни побарувања за измами со хартии од вредност во САД.

Пред конечно да стапи во сила, таа мора да биде потврдена од окружен судија во Менхетен.

Инвеститори поднесоа тужба против „Petrobras“ откако обвинителството во Бразил ги обвини поранешните раководители на компанијата дека примиле поткуп во износ од над 2 милијарди долари за период од десет години, најмногу од градежни и иженерски компании.

Нафтената компанија ги негирааше грешките, но пазарната вредност на компанијата се распадна со продлабочување на скандалот.

Во средата, компанијата соопштија дека се надеваат дека договорот ќе ги задоволи побарувањата на сите инвеститори. Сепак, договорот не ги вклучува побарувањата на оние кои купиле хартии од вредност на „Petrobras“ надвор од САД.

Само ден пред договорот, бразилската Комисија за берзи и хартии од вредност официјално обвини осум поранешни началници на концернот за корупција, меѓу кои и поранешните извршни директори Мариа даш Грасас Фостер и Хозе Серхио Габриел. Според судските документи обвинувањата на регулаторот се поврзани со можни неправилности во процесот на склучување на договори за три бродови за дупчење нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП