Најдобриот британски тенисер Енди Мареј нема да настапи на првиот гренд слем оваа година поради повредата на колкот.
Поранешниот прв рекет во светот веќе подолго време е надвор од терените.
Повредата која ја носи повеќе од половина година сеуште не е докрај санирана, така што најавите за настапот во Мелбурн се откажани.
“За жал, нема да играм во Мелбурн оваа година. Уште не сум подготвен да се натпреварувам. Наскоро си заминувам дома, за да направам проценка на сите можности. Им посакувам среќа на останатите. Ќе ми недостигате”, објави Енди Мареј на прес-конференција.