6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Силва поминува низ тежок период

Давид Силва поминува низ тежок период

Шпанскиот репрезентативец и еден од главните креатори на играта на Манчестер Сити, Давид Силва се соочува со тежок период во неговиот живот во кој неговиот син предвреме се роди и се бори за живот.

Тој се врати во екипата и со својата добра игра го предводеше тимот до нова победа над Ватфорд од 3:1, но по крајот на мечот Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека неговиот феноменален играч за врска може повторно да отсуствува во блиска иднина.

Пеп Гвардиола во неколку наврати посочи дека мистериозните отсуства на Силва се однесуваат на негови „приватни проблеми“, а сега самиот Шпанец одлучи да стави крај на шпекулациите и јасно да стави до знаење зошто постојано се враќа во Шпанија и беше отсутен од неколку натпревари на својот тим.

“Сакам да се заблагодарам за сите пораки со кои ми дававте поддршка во изминативе денови, а особено им се заблагодарувам на моите соиграчи, тренерот и клубот кои ја разбраа мојата ситуација. Сакам да споделам со сите дека мојот син Матео се роди екстремно предвреме и дека секојдневно се бори за живот со помош на лекарите”, гласи официјалното соопштение на Силва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП