9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Луиз си оди од Челзи

Давид Луиз си оди од Челзи

Бразилецот Давид Луиз веројатно до крајот на месецот ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот на Челси, Антонио Конте веќе не го посакува Давид Луиз во неговата екипа.

Се шпекулира дека интерес за неговите услуги покажале од Реал Мадрид и Барселона, а деновиве англиските медиуми тврдеа дека Луиз е на чекор од трансфер во градскиот ривал на Челси – Арсенал. Сепак, Арсен Венгер се огласи и порача дека нема вистина во тие гласини.

Денес англиските медиуми имаат нова информација – Давид Луиз се поврзува со екипата на Евертон. Наводно, тренерот на „Карамелите“, Сем Алардајс бил заинтересиран за 30-годишниот стопер и наводно инсистирал Луиз да пристигне на „Гудисон Парк“ до крајот на овој месец, односно пред завршувањето на јануарскиот преоден рок.

На Луиз ова му е втор „мандат“ во дресот на Челси. Тој исто така во својата кариера настапуваше и за париски ПСЖ, а го носеше и дресот на Бенфика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП