5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG го покажа првиот во светот телевизор со 8K OLED екран

LG го покажа првиот во светот телевизор со 8K OLED екран

„LG“ го претстави својот нов телевизор кој се одликува со првиот во светот 88-инчен 8K OLED екран, соопштува сајтот „Engadget“.

Во моментов „4K“ е форматот кој го избираат голем дел од корисниците, но „8K“ го претставува квалитетот на сликата на сосема ново ниво.

„LG“ соопшти дека нејзиниот нов телевизор нуди резолуција со 33 милиони пиксели, што е за 16 пати повеќе од „Full HD“ и четири пати повеќе од новите „Ultra HD“ екрани.

Проширувањето на портфолиото од „OLED“ производи ја одразува посветеноста на „LG Display“ да биде лидер на пазарот на луксузни телевизори.

„Успешниот развој на првиот во светот „8K OLED“ екран е пресвртница за ерата на „8K“ и го нагласува возбудливиот потенцијал на „OLED““, вели Ин-Бјун Кан, извршен потпретседател и главен службеник за технологија на „LG Display“.

33-те милиони пиксели во секој „8K OLED“ екран создаваат деликатна слика и неспоредлив квалитет на сликата, кои веќе се високо ценети од „UHD TV“ индустријата.

„OLED“ телевизорите се добро познати со високиот квалитет на сликата со совршена црна боја, повеќе живописни бои и поголем број агли на сликата.

Засега не се соопштува која ќе биде цената и кога ќе се појават на пазарот „8K“ телевизорите, но „LG“ ќе покаже нов телевизор на Саемот за електроника во Лас Вегас, кој започнува следната недела.

Сигурно новиот „8K“ телевизор ќе биде исклучително импресивен, но наоѓање на содржина за гледање на него нема да биде лесно. Повеќето емисии сè уште допираат во домови во стандардниот „HD“ формат, а само ограничен број на телевизори нудат содржина од „4K“.

„Amazon“, „Netflix“ и „Sky“ веќе го прифатија „4K“, а „ВВС“ неодамна објави дека ќе ја емитува документарна серија „Blue Planet“ во овој формат, но повеќето емисии не се достапни за гледање на „Ultra HD“ екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП