Германскиот производител на автомобили „Volkswagen Group“ има постигнато „извонреден оперативен профит во изминатата 2017-та година“. Ова го објави генералниот директор на концернот Матијас Милер во интервју за „Welt am Sonntag“. Точните податоци ќе бидат објавени во март 2018-та година.
Милер верува дека групацијата „Volkswagen“ ќе го подобри својот рекорд за нови автомобили што се продаваат за една година. Во 2016-та година, компанијата острвари 10,3 милиони продажби, со што стана најголем светски производител. Претходно, четири години на лидерското место беше „Toyota“.
Само пред неколку дена Јапонците официјално соопштија дека ќе ја завршат 2017-та година со 10,35 милиони продажби. Тоа значи дека ако „Volkswagen“ го подобри постигнувањето од минатата година, тогаш повторно ќе го надмине големиот конкурент.
Шефот на концернот додаде дека скандалот со дизел моторите веќе е надминат. Милер сепак не пропушти да ја критикува иницијативата за намалување на штетните емисии во европските земји, а според него тоа ќе донесе сериозни проблеми на сите автомобилски производители.