3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го договорил Кавани, но Челзи и Сити ги матат сметките

Реал го договорил Кавани, но Челзи и Сити ги матат сметките

kavani

Реал Мадрид постигнал договор со Единсон Кавани за негова преселба на „Сантијаго Бернабеу“, тврдат медиумите во Шпанија. Според информациите на весникот „Спорт“ трансферот е прецизиран на ниво клуб-играч, но се уште Реал и Наполи не се договориле меѓусебно. Се претпоставува дека претседателот на „белите“, Флорентино Перез ќе понуди 45 милиони евра плус некој од играчите на Реал за да го добијат Уругваецот.

Кон ваква шема – пари плус играч, се насочува и Манчестер Сити, кој ќе се обиде да ја победи конкуренцијата во Челзи и Реал Мадрид за потписот на Кавани. Тие во својата понуда ќе го вклучат Един Џеко за ѕвездата на Наполи.

Според англиските медиуми наддавањето за Уругваецот веќе е започнато, како прва вистинска понуда дошла од страна на Челзи. Лондончани имаат понудено импресивни 100 милиони фунти во кои се вклучени трансферната сума и плата од 8 милиони фунти годишно за самиот фудбалер за следните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП