19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако да потпишувате документи и договори на iPhone? (видео)

Како да потпишувате документи и договори на iPhone? (видео)

Потпишувањето на документи и договори не е проблем за корисниците на „Mac“, затоа што „Apple“ има решение за нив. Сега истото е возможно и за „iPhone“ и „iPad“. Да погледнеме како тоа функционира.

Некогаш може да биде фрустирачки кога морате да потпишете некој документ или договор па да го испратите назад на испраќачот. Дури и ако имате принтер, може да се случи токму тогаш тонерот да ви биде празен кога ситуацијата е особено итна или ако се јави некој проблеми при печатењето. А да не говориме за тоа колку е безмислено и штетно за околината да се печатат листови хартија само да ги скенирате кога ги потпишувате, и да ги испраќате во дигитална форма.

Корисниците на „Mac“ не мора да бидат загрижени поради овој проблем. Една од функциите на „macOS“ овозможува да го скенирате вашиот потпис од лист хартија и како магија во само неколку чекори да го префрлите во дигитален документ. Со „iOS 11“, таа функција е достапна за сите корисници на „iPhone“ и „iPad“. Следете ги овие неколку чекори и станете мајстор за потписи:

Отворете подготвен документ во апликацијата „Mail“.

Притиснете ја иконата „пенкало“ во горниот десен агол.

Притиснете „Add“ во долниот десен агол.

Изберете ја опцијата „Signature“.

Имате можност да додадете и сочувате неколку потписи. Па така потпишувањето документи на „iPhone“ и „iPad“ станува навистина едноставно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП