4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРено го претстави Twin Run

Рено го претстави Twin Run

renault-twinrun-concept_100428254_l

Според многумина веќе долго време Рено беше „напорен“ со претставувањето на досадни автомобили, наместо забавни спортски возила. Таа акумулирана тензија ескалираше кога Рено го претстави концептот „Twin Run“ пред стартот на викендот за Големата Награда на Монако во Формула 1.

Автомобилот е со големина на Фиат 500, но сепак успеаа да вметнат 3.5 литарски V6 мотор кој беше превземен од тркачкиот модел „Megane Trophy“. Ова мало возило произведува 320 ks при 6.800 o/min и 379 Nm при 4.850 o/min.

Снагата по пат на секвенцијален менувач се распределува на задните тркала, па така „TwinRun“ нема никаков проблем да стигне до 100 km/h за само 4.5 секунди, а максималната брзина му изнесува 250 km/h.

Renault-TwinRun-Concept-47[2]

Овој концепт има 18 инчни тркала на кои се наоѓаат пневматиците на „Michelin“ со димензии 205/40 напред и 245/35 позади.

Затоа што концептот е наменет за сериско производство неговите пропорции се од суштинско значење. Па така мерките на „TwinRun“ се должина од 3.680 mm, ширина од 1.750 mm и висина од 1.493 mm.

„ „TwinRun“ ги претставува дивите гени по кои Рено е познат низ историјата. Никој меѓу нас ги нема заборавено „R5 Turbo“ и „Clio V6“. „TwinRun“ е вистински наследник на тие тркачки автомобили кои имаа специфична појава“, изјави Ахел Бруин, шефот на „Concept Car Design“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП