10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМацари го презеде Интер

Мацари го презеде Интер

article-0-19E0A560000005DC-583_634x478

Валтер Мацари е новиот тренер на Интер. Па така тимот најде нов тренер само неколку часа по разделбата со Андреа Страмачони кој беше ослободен од обврските. 51-годишниот стратег потпиша двегодишен договор со „нероазурите“.

„Можеме да потврдиме дека Валтер Мацари беше назначен за нов тренер на клубот. Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер Андреа Страмачони за извонредната посветеност и професионализам што ја покажа додека беше на чело на тимот во оваа толку тешка година. Валтер Мацари се обврза во следните две години да го предводи нашиот тим“, стоеше во официјалното соопштение на клубот на нивната интернет страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП