3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia 9 има 5,5-инчен екран и е отпорен на вода и прашина

Nokia 9 има 5,5-инчен екран и е отпорен на вода и прашина

Одредени спецификации на „Nokia 9“ се објавени во документите на агенцијата „FCC“. Судејќи по откриените информации, финската технолошка компанија има креирано многу квалитетен телефон.

„Nokia 9“ има 5,5-инчен „OLED“ екран кој го произведе „LG“, додека „Nokia 8“ користеше „IPS LCD“ дисплеј. „Nokia 9“ го користи процесорот „Snapdragon 835“, како и батерија од 3.250 mAh.

Новиот фаворит на финската компанија има две задни камери, една од 12 мегапиксели и друга од 13 мегапиксели. Предната камера е од 5 мегапиксели.

Се уште не е познато колку изнесува „RAM“ меморијата на телефонот, додека „Nokia 9“ ќе биде достапна во две верзии, со интерна меморија од 64 и 128 гигабајти. Се претпоставува дека телефонот ќе работи на оперативниот систем „Android 8.0 Oreo“.

Претходно беше откриено дека стаклото е поквалитетно од тоа што се користи во уредите „Galaxy“. Моделот „Nokia 9“ исто така има и „IP67“ сертификат, што значи дека е отпорен на прашина и на вода до еден метар.

Информациите за цената и премиерата на телефонот се уште се непознати. Постојат гласини дека „HMD Global“, кој ги изработува новите „Nokia“ уреди, би можел да го претстави телефонот на „HMD Global“ настанот кој ќе се оддржи на 19-ти јануари наредната година во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП