2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометниот шампион Вардар се закити со најмногу награди од Сојузот на спортови

Ракометниот шампион Вардар се закити со најмногу награди од Сојузот на спортови

Актуелниот европски ракометен шампион Вардар се закити со најмногу награди, што на најдобрите спортисти за оваа година им ги додели Сојузот на спортови на град Скопје.

Имено, капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е избран за најдобар спортист, по него е Дејан Георгиевски (Теквондо) и Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање).

Меѓу десетте најдобри уште влегоа: Дејан Недев (традиционално карате), Сара Ристевска (ракомет), Слободан Ивчевски (мотоциклизам), Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), Берна Шерифовска (џудо) и Дарио Ивановски (атлетика маратон).

За најдобар странски спортист е прогласен голманот на Вардар, Арпад Штербик.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез е најдобар тренер.

РК Вардар е најдобар клуб во машка конкуренција.

ЖРК Вардар е најдобар женски клуб.

За најдобар млад спортист е избран Петар Заборски од Макпетрол, пред Мартин Томовски (ракомет, Металург), Хамза Јашари (џудо, Миоки), Мила Саздовска (традиционално карате, Работнички) и Аид Салихаси (борење, Тефејуз).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП