1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПет титули во пет сезони, тешка работа го очекува Пелегрини

Пет титули во пет сезони, тешка работа го очекува Пелегрини

Spain Soccer Champions League

Во моментов Манчестер Сити официјално е без менаџер, но од клубот ги претставија амбициозните цели кои ќе ги имаат во иднина. Новиот тренер, кој речиси со сигурност ќе е Мануел Пелегрини ќе треба да освои 5 трофеи во наредните пет години. Тоа го најави извршниот директор на „граѓаните“ Феран Сориано.

„Нашата цел е 5 трофеи за 5 години. Може во една сезона да не направиш ништо, но веќе во следната треба да се освојат две титули. Така стојат работите. Се важат само титулите во Лигата на Шампионите, титулата во Англија и ФА Купот “, објави Сориано. Тој откри и какви се целите за следната сезона.

„Претпоставуваме дека новиот тренер ќе има потреба од време за да ги наметне своите ставови. Тој може да не освои ништо во следната сезона, но ако дојде до полуфиналето во Лигата на Шампионите, заврши на второто место во првенството и играме финале на ФА Купот ќе ја сметаме годината за успешна”, додаде Сориано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП