23 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕкраните на телефоните наскоро ќе можат сами да се регенерираат

Екраните на телефоните наскоро ќе можат сами да се регенерираат

Истражувачите од Токио открија нов полимер кој ќе може да направи екраните на телефоните сами да се поврават и да заздрават. Во една студија објавена на Универзитетот во Токио, ново стакло е наречено „ polyether-thioureas“ и ќе може да се опорави само со притискање на рацете на корисникот.

Специјалното стакло е пронајдено сосема случајно, од страна на еден од студентите кој помислил дека материјалот ќе се претвори во слој како лепак. На негово изненадување, индивидуалните делови од стаклото биле реформирани под температурата на раката, со само 21 целзиусови степени.

Со оваа нова технологија, заштитата на екранот и поправките на екранот на телефонот ќе бидат нешто од минатото. Откритијата, како што е ова, се чекор напред во доведување на „мејнстрим“ технологијата на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП