21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенитез се сели во Наполи

Бенитез се сели во Наполи

RafaBenitez_2869819

Рафа Бенитез ќе го предводи Наполи во следната сезона, тврдат медиумите во Италија. Стручњакот дал согласност дека ќе го преземе италијанскиот клуб.

Агентот на шпанскиот тренер, Гарсија Мануел Кијон се сретна вчера со претставниците на Наполи и на средбата беше постигнат договор помеѓу двете страни. Во понеделникот, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис беше во Лондон, каде што се сретна со Бенитез. Според информациите Шпанецот ќе потпише двегодишен договор со Наполи и ќе добива по 3.5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Во моментов Бенитез го води Челзи на турнејата во САД, па поради тоа се очекува Шпанецот официјално да потпише со Наполи во почетокот на следната недела.

53-годишниот Бенитез во Италија работеше во тимот на Интер. Во текот на летото на 2010-та година, тој го наследи Жозе Мурињо, но беше заменет од Леонардо 6 месеци подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП