Овен (21.03 – 20.04)
Ви доаѓа интересна деловна понуда која може да ви донесе прилика за подобра заработка. На љубовен план можете да очекувате почеток на врска која ќе трае подолго.
Бик (21.04 – 21.05)
Во потрага сте по нова работа бидејќи старото работно место повеќе не ве исполнува. Сакате да напредувате. Слободните лица ќе бидат во активна потрага по партнер за нив.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е денес да не сте претерано сконцентрирани и да имате мал проблем при извршување на задачите. Вашите емотивни дилеми можат да се решат сосема спонтано, бидете фер кон партнерот.
Рак (22.06 – 22.07)
Решивте да дадете се од себе за да дојдете до деловно напредување. Тоа многу ви е важно во моментов. Во љубовта меѓу вас и саканото лице постојат некои длабоко сокриени работи на кои треба да поработите.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекува поволен ден за работа, ќе имате шанса да го поправите односот со надредените и да добиете нивна поддршка. Ве очекува интересно познанство кое ќе разбуди нови емоции кај вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Соработката со странство ќе ви донесе доста добри и позитивни околности кои треба да ги употребите во своја корист. Во љубовта доколку сте во врска, можете да очекувате убава атмосфера и добро согласување со партнерот.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе доцните со некои проекти бидејќи не сте и доволно посветени на работата. Во љубовта не ви е лесно отворено да покажете интерес кон лицето кое ви се допаѓа.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Точно знаете кои се вашите цели и не се откажувате се додека не дојдете до отварувањето. Во љубовта можно е со саканото лице да немате баш добар однос, нешто се случува.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате многу обврски и многу сте и посветени на работата. Во работното опкружување сте многу ценети. Во моментов не ви се допаѓа односот кој го имате со саканото лице.
Јарец (22.12 – 20.01)
Немате причина да се грижите за својата деловна ситуација бидејќи генерално ве очекува добар период. Во љубовта на слободните им доаѓа прилика за нова врска.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес лесно можете да доживеете некоја парична или материјална штета. Тоа ќе ве погоди. Денот не е поволен за нова врска бидејќи денес можете да направите грешни проценки.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекуваат мали промени кога станува збор за полето за заработка но не би требало да имате драстични потешкотии. Добро ќе се чувствате покрај лицето кое го сакате и задоволни сте од врската.