3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S9 пристигнува во февруари?

Samsung Galaxy S9 пристигнува во февруари?

„Samsung Electronics“ планира да го претстави својот следен предводник на паметен телефон во февруари, па „iPhone X“ ќе добие конкурент порано отколку што се очекуваше, вели „Bloomberg“.

Јужнокорејскиот технолошки гигант планира да го претстави новиот „Galaxy S9“ и „Galaxy S9 Plus“ на крајот од февруари и да започне со продажба во март, откриваат запознаени извори.

Новите телефони ќе бидат слични на актуелните „Galaxy“ модели, но ќе вклучуваат подобрени камери, исто така, дополнуваат изворите кои сакаат да останат анонимни.

Ова ќе биде првото големо претставување на „Samsung“ на телефони по „Note 8“, кој имаше премиера во септември. Линијата „Galaxy S8“ беше издадена во март.

Плановите за претставувањето на нови телефони се уште не се специфични и можат да се променат. Јужнокорејската компанија засега одбива да коментира.

Презентацијата на новите телефони ќе биде значаен настан за „Samsung“ и веројатно ќе и помогне на компанијата да го задржи силните глобални продажби, покрај популарноста на новиот предводник на „Apple“ – „iPhone X“, и прогнозата за пад на нејзинот удел.

Новите модели на „Samsung“ ќе станат сериозни конкуренти на „Apple“ само неколку месеци по лансирањето на „iPhone X“.

И покрај почетната цена од 999 долари, последниот „iPhone“ доби позитивни оценки и аналитичарите предвидуваат дека продажбата за време на празниците ќе му помогнат на „Apple“ да постигне за првпат приходи за кварталот од над 80 милијарди долари.

Во третиот квартал, пред „iPhone X“ да биде пуштен во продажба, „Samsung“ доминираше во глобалните испораки на паметни телефони со над 22% од пазарот, покажуваат податоците на „IDC“.„Apple“ беше втор со 13 отсто.

„Strategy Analytics“ прогнозира дека глобалниот пазарен удел на „Samsung“ ќе се намали до под 20% во 2018-та година. Јужнокорејската компанија работи и на гласовен асистент со фокус врз управувањето на домот, кој ќе биде пуштен во првото полугодие на идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП