
Почетокот на продажбата на новиот „RS4 Avant“ на европскиот пазар, „Audi“ го одбележи со свежи фотографии од овој спортски караван.


Почетокот на продажбата на новиот „RS4 Avant“ на европскиот пазар, „Audi“ го одбележи со свежи фотографии од овој спортски караван.
Најмоќниот автомобил од семејството на новиот „Audi A4/A5“ има 2.9-литарски „TFSI“ би-турбо „V6“ мотор кој произведува 450 ks и 600 Nm.

Моќта стандарно се пренесува на сите четири тркала со помош на системот „quattro“ и модифицираниот автоматски менувач.
Oд 0 дo 100 km/h новиот „RS4 Avant“ стигнува за само 4,1 секунди, a максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h. Со изборниот пакет „RS Dynamic“, лимитот се подигнува до 280 km/h.

Само за споредба, најмоќниот караван на „Audi“ е побрз за 0,1 секунди во однос на конкурентскиот „Mercedes-AMG C63 Estate“, кој е опремен со би-турбо „V8“ агрегат и седумбрзински автоматик.
Според фабричките податоци, новиот „RS4 Avant“ е полесен од претходникот за околу 80 kg (масата на празен автомобил изнесува 1.790 kg), a просечно троши 8,8 l/100 km и емитува 199 g CO2/km.

Автомобилот стандардно е опремен со „RS Sport“ суспензија, благодарејќи на која „RS4 Avant“ е понизок од обичната караван верзија „A4“ со спортска суспензија.
Меѓу изборните опции се и „Dynamic Ride Control“ и керамичките сопирачки. Тракалата од 19 инчи доаѓаат како стандардни, а на располагање се и избори алуминиумски бандажи од 20 инчи.
Најевтиниот „RS4 Avant“ во Германија ќе чини 79.800 eвра.