29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкрот и пад на уште една авиокомпанија

Банкрот и пад на уште една авиокомпанија

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ ја повлече понудата за преземање на компанијата „Niki“ подружница на банкротираниот „Air Berlin“.

Компанијата, имено настојува да обезбеди „зелено светло“ од ЕУ за планираното преземање на најголемиот дел од „Air Berlin“.

Германската влада изрази жалење поради развојот на ситуацијата, која, како што соопшти, ќе доведе до банкрот и приземјување на „Niki“ пренесува агенцијата АП.

„Air Berlin„ на крајот на октомври престана со работа, иако неговата подружница, австрискиот „Niki“, продолжи да лета.

Најголемата германска авиокомпанија „Lufthansa“ планира да преземе најголем дел од „Air Berlin“, додека британскиот „EasyJet“ ќе преземе помал дел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП