30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLotus Exige S Roadster конечно во продажба

Lotus Exige S Roadster конечно во продажба

lotus

Најавата за почеток на продажбата на моделот „Exige S Roadster“ се очекуваат подобри времиња за „Lotus“ кој изгледа полека излегува од кризата.

Во финансиска смисла изминативе две години не беа милостливи кон „Lotus“ кој мораше да го ревидира планот за претставување на шестте најавени новитети. Во средината на 2012-та година беше отпуштен извршниот директор Дени Бахар, а сопствениците одлучија да започнат процес за разгледување на економската издржливост на компанијата.

Закрепнувањето на некогаш познатиот спортски бренд е најавено со лансирањето на пазарот на моделот „Exige S Roadster“ кој својата премиера ја имаше уште на саемот во Женева во 2012-та година.

lotus1

Во „Lotus“ истакнуваат дека со доаѓањето на „Roadster“ во продажните салони компанијата ќе го заокружи семејството на автомобилите „Exige“ кое се состои од моделите „Exige S“, „Exige Cup“ и „Exige Cup R“.

Со маса од 1.166 kg, „Roadster“ е за 10 kg полесен од верзијата со цврст покрив.

За погонот е задолжен 3.5 литарски V6 мотор со компресор кој произведува 350Ks и 400 Nm вртежен момент.

lotus2

„Lotus Exige S Roadster“ oд 0 дo 100 km/h стигнува за 4 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 233 km/h.

Продажбата во Европа ќе започне во текот на летото 2013-та година, а цената во Велика Британија ќе се движи околу 52.900 фунти, додека во остатокот од Европа ќе се продава по цена од 55.378 евра на што треба да се додаде данокот кој варира од земја до земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП