2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram ги воведе најголемите промени во последните неколку години

Instagram ги воведе најголемите промени во последните неколку години

Станува збор за две нови опции: „Stories Highlights“ и „Stories Archive“, кои ќе ви помогнат вашите приказни и видео-снимки да останат сочувани, наместо како досега да се бришат за 24 часа.

Приказните кои се зачувани во архивата ќе бидат видливи само за вас, се додека не одлучите да ги споделите, а „Stories Highlights“ ќе претставува место на кое можете да групирате приказните за кои сакате да бидат видливи за вашите пријатели.

„Во текот на минатата година, „Instagram Stories“ стана клучен начин за истражувања, но неможевте да ги задржите подолго од 24 часа. Сега можете да ги групирате вашите приказни, и да ги задржите на вашиот профил“, соопшти компанијата.

Приказните автоматски би требало да бидат сместени во архивата, од каде можете да ги прегледате, да додадете нови приказни, да ги споделите како пост или да ги ставите во „Highlights“.

Опцијата за автоматско складирање може да се исклучи по потреба.

Новите опции ќе бидат достапни за корисниците со телефони кои работат на оперативните системи „iOS“ и „Android“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП