4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија исклучена од Oлимписките игри во Јужна Кореја

Русија исклучена од Oлимписките игри во Јужна Кореја

Меѓународниот олимписки комитет го суспендира рускиот олимписки комитет од Oлимписките игри 2018, со тоа што им дозволи на руските атлетичари да се натпреваруваат само под неутрално (олимписко) знаме, во февруари во Јужна Кореја.

Одлуката следи по резултатите од истрагата во која Русија беше обвинета за допингот во Сочи во 2014 година.

Спортистите ќе мора да поминат посебни прегледи за допинг за да добијат дозвола за настап на Олимписките игри. Со одлуката на МОК, рускиот ОК ќе мора да плати отштета од 15 милиони долари, додека Виталиј Мутко, поранешен министер за спорт, е доживотно суспендиран од Олимписките игри.

МОК минатата година им забрани на руските спортисти да се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Рио, а од сите меѓународни федерации поединечно побара да се изјаснат дали ќе им дозволат на Русите да настапуваат на игрите.

Според рускиот претседател, Владимир Путин, би било понижувачки доколку спортистите настапуваат на ЗОИ како неутрални натпреварувачи без нивното национало знаме и химна.

Зимските Олимписки игри ќе се одржат од 9 до 25 февруари во Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП