4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Files Go! Апликација за управување со датотеки (видео)

Google Files Go! Апликација за управување со датотеки (видео)

„Google“ ја објави својата најнова „Android“ апликација за управување со датотеки, наречена „Files Go!“. Апликацијата беше достапна во бета верзија од минатиот месец, но само за одреден број на корисници, а сега може да ја превземат сите.

„Files Go!“ им овозможува на „Android“ корисниците на лесен начин да ослободат простор на своите уреди, да направат „backup“ на податоците на „cloud“, да споделат апликации со други, или дури „офлајн“. Ова е една од апликациите од „Google Oreo 8.1“ (Go edition) понудата, која претставува помала верзија на „Android“, а е наменета за послабите уреди кои се нудат во земјите во развој.

Апликацијатa исто така ќе биде од корист на оние кои моментално се потпираат на „third-party“ апликациите за организација на датотеките, кои често се наплатуваат или се полни со реклами. „Files Go!“ може да нуди и информации за тоа колку простор може да се ослободи од „cache“ на апликациите, неискористените апликации, големите и превземени датотеки. Исто така, ќе преместува датотеки на „SD“ картичката доколку постои на уредот.

Уште една функција е во можност за споделување на датотеки, додека не сте поврзани на интернет, со креирање на хотспот за поврзаување и пренос на датотеки преку „Bluetooth“.

„Google Files Go!“ за управување со датотеки е достапна за сите корисници преку „Google Play Store“, a потребен и е „Android 5.0“ или понов оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП