2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ подготвува 100 милиони фунти за Руни

ПСЖ подготвува 100 милиони фунти за Руни

rooneypsg

Новиот француски шампион ПСЖ подготвил 100 милиони фунти за трансферот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, пишува во денешниот број на „Мирор“. Според изданието арапските сопственици на ПСЖ сакаат да го земат 27-годишниот англиски репрезентативец по секоја цена на „Паркот на принцовите” и за таа цел се подготвени да му платат 40 милиони фунти на 20-кратниот шампион на Англија, а освен тоа да му даваат плата во износ од 15 милиони фунти на самиот фудбалер.

Во француската престолнина се подготвуваат да најдат решение во нападот откако Златан Ибрахимовиќ објавил дека има желба да се врати во Италија по само една сезона во Лига 1. Затоа тие се подготвени да му понудат 4-годишен договор на Руни.

Новиот конкурент на ПСЖ во Франција Монако исто така ја следи ситуацијата околу Руни и тие се подготвен да се одвојат голема сума на пари за неговиот потпис. Се очекува двата француски клуба да се главните учесници во трансферната сага за напаѓачот.

Англиските Челси и Арсенал исто така покажаа интерес за напаѓачот на „црвените ѓаволи“, но тие не се подготвени да платат слични суми за евентуалниот трансфер како конкурентите од Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП