3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГремио ја освои титулата во Копа Либертадорес (видео)

Гремио ја освои титулата во Копа Либертадорес (видео)

Фудбалерите на Гремио ја освоија титулата во Копа Либертадорес, јужноамериканскиот пандан на европската Лига на шампиони. Во финалниот двомеч бразилскиот клуб беше подобар од Ланус со вкупен резултат 3.1.

Гремио минатата недела го доби првиот натпревар одигран во Порто Алегере, Бразил со 1:0. Реваншот кој се одигра ноќта помеѓу средата и четвртокот во Буено Аирес, им припадна на играчите на Гремио со 2.1.

Гремио го освои првиот меѓународен трофеј по пауза од 22 години, а триумфот над Ланус го обезбеди по првото полувреме кога ги постигна двата гола.

Фернандињо го постигна првиот гол во 27.минута, а предноста ја зголеми Луан 15 минути подоцна. Домаќинот честа ја спаси во 72.минута кога гол од пенал постигна Хосе Густаво Сад.

Гремио на тронот го замени Атлетико Насионал, кој минатата сезона во финалето го победи Индепендиенте.

Бразилскиот клуб го освои третиот трофеј во Копа Либертадорес, претходно беше најдобар во 1983 и 1995 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП