20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуп полуфинале за Академија Пандев, Ренова и за Пелистер

Куп полуфинале за Академија Пандев, Ренова и за Пелистер

Македонија ги доби првите три полуфиналисти од Купот на Македонија кога Ренова, Академија Пандев и Пелистер го потврдија пласманот и во реваншот.

Ренова се врати од негатива 1:0 за да го совлада Скопје со 2:1 и да обезбеди вкупен пласман со 4:1, Академија Пандев повторно го торпедира Тетекс, овој пат со 4:1 за вкупна победа од 6:1, а Пелистер и Победа одиграа 2:2 во пелагониското дерби, што беше доволно Пелистер да оди во полуфиналето.

За четвртиот полуфиналист ќе се почека бидејќи Вардар и Шкупи уште го немаат одиграно ниту осминафиналниот дуел поради обврските на шампионот во Лига Европа. Подобриот од тој дуел ќе се судри со Шкендија во четврт-финалето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4 ФИНАЛЕ

Скопје – РЕНОВА 1:2

Прв натпревар 0:2, вкупно 1:4

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Тетекс 4:1

Прв натпревар 2:0, вкупно: 6:1

Победа – ПЕЛИСТЕР 2:2

Прв натпревар 2:5, вкупно 2:7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП